Кејт Мидлтон, Војвотката од Кембриџ, ја посетила хуманитарната организација „Baby bank“ во Шефилд. Оваа хуманитарна организација им помага на загрозените мајки и ги снабдува со опрема за бебиња. Војвотката била трогната од приказните што ги слушнала таму, па дури и заплакала во неколку наврати. Кејт Мидлтон ѝ донирала многу вредна опрема на организацијата „Baby bank“.

Она што е интересно е дека сите забележале дека Кејт носела памучна маска за лице вредна околу 1000 денари, која ја произведува британсктиот бренд „Амаја“.

Откако биле објавени слики од нејзината посета на хуманитарната организација на кои таа ја носи маската со цветен дезен, тоа го привлеко вниманието на јавноста, а од компанијата велат дека ги продале сите маски кои ги имаат за само еден ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.