Со „Марш на животот“ по Широк Сокак во Битола, се одбележаа 76 години од депортацијата на 3350 битолски Евреи во логорите на смртта во Треблинка. Делегации од Македонија и Израел, но и млади од Германија, Израел и Македонија чекореа од поранешното еврејско маало, по Широк Сокак, па се до железничката станица, положија цвеќе на Споменикот на депортираните Евреи и бистата на народната хероина Естреја Овадија-Мара, во дворот на Здравствениот Дом во Битола кој од минатата година е именуван според познатиот лекар д-р Хаим Абраванел, а потоа ја формираа комеморативна поворка „Марш на животот“ која преку Широк Сокак заврши на Железничката станица во Битола.

После седум години во Битола дојде израелски министер. На чествувањата присуствуваше министерот за Ерусалим и животна средина на Израел, со чија помош се направи Ерусалимската патека на Еврејските гробишта.

Многу сме горди што сме дел од возобновувањето на Еврејските гробишта, бидејќи се тие многу значаен споменик. За нас е значајно затоа што Евреите кои доаѓаат од Битола во Ерусалим се вклучени во градење синагоги во Ерусалим, изјави Зеев Елкин,Министер за Ерусалим и животна средина на Израел.

Преку овие настани, Битола и цела држава се потсетува на тешките моменти, но дава и симболична порака – ваквото зло никогаш да не се повтори.

 

извор:тера.тв

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.