Младата актерка Милена Радуловиќ јавно обелодени дека ја силувал учителот по глума, Мирослав Алексиќ, кој после тоа е уапсен поради сомневање дека со години силувал или сексуално вознемирувал пет девојки.

Сега на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како Алексиќ ги третира учениците во своето училиште. На една снимка Алексиќ му рекол на момче дека е глупаво, бидејќи не ја научило на памет зададената песна. На тоа детето му рекло дека е само малку глупаво.

Кога Мика друг ученик прашал зошто не го научил зададеното, го нарекол глуперда и го избркал на миење.
Не ти е срам?Да?Сигурен си? Многу голем фолирант си. Море марш на миење, глупердо една, Човеку дебел, колку само ме загрижуваш.Не ослабна, повторно гнетеше?- зборувал Мика што што точно се слуша на снимката кога гостувал во емисијата Додека Ангелите спијат.


Ќорчо е ќорчо, клемпав е клемпав, кога на глупак ќе му кажете дека е глупак, тој не се ни лути, сите се согласуваат со тоа, бидејќи знаат дека е вистина. Кога ќе пораснете ќе сфатите дека можат да се бранат на друг начин. Најлесно ќе ги разбиете комплексите, ако прифатите она што сте – зборувал Алексиќ, кога го прашале зошто ги навредува учениците додека предава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.