Меган Mаркл, верува дека постоела завера против неа од страна на членовите на кралското семејство за да се уништи нејзината репутација.

Таа мисли дека сè почнало кога се вселила во Кенгсингтонската палата со принцот Хари во 2018 година. Меган верува дека сакале да ја нарушат нејзината репутација откако се омажила со Хари за да го растурат нивниот брак, пренесуваат странските медиуми.

„Беше убедена дека постои завера против неа, па буквално се самоизолираше кога се преселија во Фрогмор“, рекол нејзин пријател.

Мислам дека се чувствуваше како аутсајдер од самиот почеток. Ова не беше живот на каков што беше навикната и сакаше да си замине оттаму. Почна да се чувствува изолирано и да и недостасуваат мајка и и пријателите од Лос Анџелес. Тоа што ја мачеше Меган е фактот дека не заработува пари. Отсекогаш работеше и мислам дека не се чувствуваше исполнето. Желбата за финансиска независност беше една од најголемите причини за заминување.“, открива тој.

Сигурна сум дека нивниот друштвен живот ќе се развива на вечери и на журки во Лос Анџелес, каде што ќе бидат опкружени со луѓе на кои можат да им веруваат“, рекла Мелани Бромли, уредничка на каналот Е.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.