Крушево утре ќе го одбележи денот на загинување на големата македонска и балканска музичка ѕвезда, Тоше Проески, кој пред 13 години загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска.

Традиционално маратонците ќе стигнат во Крушево на неговото вечно почивалиште на Гумење. Пречекот на маратонците е во организација на средното училиште „Наум Наумоски Борче, на основното училиште „Никола Карев” и на Општината.

Како и досега, од влезот на Крушево маратонците ќе бидат пречекувани со црвени рози, а на Гумење ќе се пеат песните на Тоше.

Сите ќе му оддадат почит на Тоше, а оваа година почитта е во неговото обновено вечно почивалиште изградено како спомен обележје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.