Рускиот топ модел Лилија Судакова (26) е осудена на затворска казна откако со нож го убила сопругот кој во нивниот дом ја донел љубовницата и побарал Лилија да им зготви вечера, пишува Мејл онлајн.

Медиумите пренесуваат дека мажот на манекенката, Сергеј Попов (28) таа вечер пијан дошо дома со жена што ја запознал во бар и барал од Судакова да им направи вечера. Тогаш таа во бес со нож го убила Попов и веднаш повикала полиција.

Мајката на Лилија, Ирена Судакова (48) вели дека ќерка ѝ посегнала по нож во самоодбрана и дека со години била жртва на семејно насилство кое завршило со ваква нејзина реакција.

-Тоа беше нездрава љубов. Мојот зет беше алкохоличар и насилник. Иако важеше за компјутерски гениј и уживаше во таа слава, не беше добар човек. Повеќе пати сум била сведок на неговата агресивност, вели Судакова.

Стилистката Каролина Павловскаја ги потврдува зборовите на мајката.

-Таа е преубава девојка, но душата ѝ е празна однатре, вели пријателката на Лилија.

Ако не се прифати дека убиството го сторила во самоодбрана и ѝ се одреди казна за убиство, би можела да заврши 15 години в затвор.

Таа е позната по својата природно црвена коса и често беше на насловните страници на магазинот Вог.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.