Пејачка Луна Џогани пред неколку дена откри дека е бремена, а сега со фановите сподели и детали од нејзината бременост.

Имено таа пред само неколку дена му ја сподели на своето момче оваа убава вест во живо додека фановите го следеа настанот на социјалните мрежи, а сега откри и дека е бремена пет недели.

Покрај ова таа откри и дека заедно со своето момче Марко Миљковиќ кој неодамна ја запроси имале замислено иста желба кога биле во манастирот Острог во Црна Гора.

Бевме под Острог и тргнавме да си одиме накај дома, но фати големо невреме и се вративме назад. Имавме иста желба во манастирот и на двајцата ни се исполни, вели Луна, а нејзиното момче додава дека сака да биде на породувањето на својата сакана.

Инаку манастирот Острог е едно од најсветите места во регионот, но и во светот, а многумина освен за плодност, одат и за лекување на многу болести, а тие што биле велат дека од тој ден животот им се променил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.