Францускиот претседател Емануел Макрон моментално летува на остров на југот на Франција со неговата сакана сопруга Брижит Макрон. Претседателот и 24 години постара прва дама го искористија слободното време за целосно опуштање, сончање и пливање во море.

Претседателската двојка Емануел и Брижит Макрон деновиве уживаат во убавините на островот на југот на Франција, каде што папараците ги фотографираа во досега невидено издание.

Модното освежување на 67-годишната прва дама и сопругот 24 години помлад од неа беа фотографирани на брод во костими за капење, кратко време откако првиот човек на Франција се возеше на џет-скии.

Брижит Макрон е позната по префинетиот вкус и беспрекорниот стил на облекување, па дури и на плажа не ја пропушта можноста да го изрази својот стил и да изгледа најдобро. Сопругата на францускиот претседател избра темно сино едноделно парче костим за капење со минималистички дизајн кој го открива грбот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.