Младата пејачка Теа Трајковска на својот Инстаграм профил сподели со своите фанови дека била позитивна на коронавирусот и раскажа дека таа и нејзиното семејство за среќа поминале без големи последици.

Се мислев дали воопшто да го споделам ова тука, ама сметам дека е важно да се биде искрен и дека такa треба да се користат ваквите платформи, а не селективно прикажување на симпатичните, романтичните и инстаграм-естетските животни моменти. Последниов месец беше „real-life“ ролеркостер во секоја смисла. Денес, благодарна сум што сме сите на број, благодарна сум што не заразив никого бидејќи се изолиравме неколку дена порано и благодарна сум што поминавме низ ова без поголеми последици. Ситуацијата е пререална, никој од моите блиски кои иницијално се заразија не знаат од каде/кого и покрај придржувањето до мерките и внимавањето и што е најчудно дел од нас бевме негативни на првиот тест. Чувајте се и заштитете ги повозрасните околу вас! – завршува пејачка објавувајќи неколку фотографии на Инстаграм славејќи за животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by THEA (@theatrajkovska)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.