Утринава на  77-годишна возраст по тешко боледување почина неврохиругот проф. Д-р Јовица Угриновски, објави приватната клиника „Неуромедика“.

Угриновски беше основач и претседател на Управниот одбор на „Неуромедика“.

Угриновски (Скопје, 2. 10. 1945) беше специјалист неврохирург, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализирал неврохирургија во Скопје (1975), завршил три постдипломски курса по неврохирургија во Монпелје (1977), Манчестер (1978) и Братислава (1981), магистрирал (1978) и докторирал (1986). Придонел во воведувањето на проспективниот предвидувачки скоринг систем во неврохирургијата и методот на премостување на крвните садови во мозокот.

При атентатот врз претседателот на Македонија Киро Глигоров во 1994 изведе сложени неврохируршки оперативни зафати.

Организатор е на Итната санитетска хеликоптерска служба во Македонија, како и на повеќе волонтерски организации. Се занимаваше со алпинизам. Публикувал повеќе од 140 научни трудови и 6 книги.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.