Делови од ракетата се очекува да паднат помеѓу 41,5 степени северна и 41,5 степени јужна географска ширина, додека Македонија се наоѓа меѓу 41,6 и  42.0  степени северна географска широчина.

Делови од кинеската ракета „Долг марш 5Б“ се очекува да паднат на Земјата викендов, но поради нејзиниот неконтролиран лет, кој делумно минува низ горната атмосфера, тешко е да се процени каде и кога ќе се случи тоа.

Најдобрите предвидувања го дадоа приближното време, околу 5 часот наутро во недела по наше време, со можност за пад во кое било време во текот на 16 часа, пред или после тоа време.

Оваа ракета го лансира првиот модул на идната кинеска вселенска станица Тиангонг (Небесна палата) во орбитата кон крајот на минатиот месец. Откако ја завршила својата задача, ракетата продолжила да се движи неконтролирано во траекторија што ја приближува до атмосферата.

Ракетата „Долг марш 5Б“ спаѓа во категоријата тешки ракети, кои можат да подигнат до 25 тони носивост во ниската орбита околу Земјата. Нејзината прва фаза е тешка околу 11 тони кога е празна, што ја прави една од најтешките објекти што може да падне назад на Земјата во последните неколку децении.

Научниците веруваат дека дел од ракетата веројатно ќе согори кога ќе биде целосно навлезена во атмосферата, но делови што имаат висока точка на топење – самите ракетни мотори, евентуално резервоари за гориво – може да паднат на земјата во едно парче.

Последен пат Кина ја лансира „Долг марш 5Б“, а делови од неа паднаа на Брегот на Слоновата Коска и оштетија неколку згради

Бидејќи е во елиптична орбита што минува помеѓу 41,5 степени северна географска ширина и 41,5 степени јужна географска ширина, се очекува да падне некаде во областа, што за среќа не ја вклучува Македонија, чиј најјужен дел е на 41,6 степени географска ширина. Последен пат Кина ја лансираше ракетата „Лонг марш 5Б“ на слична траекторија, а делови од неа паднаа на Брегот на Слоновата Коска и оштетија неколку згради, но за среќа никој не бил повреден.

Пекинг официјално тврди дека западните медиуми претеруваат и предраматизираат со пишување за падот на нивната ракета, имајќи предвид дека шансите за човечки жртви се крајно мали. „Внимателно ги следиме нејзините движења и ќе преземеме соодветни чекори доколку е потребно“, рекоа тие.

Западните вселенски агенции, пак, тврдат дека станува збор за неодговорно однесување. НАСА, Роскосмос и сите други вселенски агенции со децении планираат мисии, така што тешките први фази на ракетите не можат да завршат со неконтролиран пад, туку ги ставаат во орбити за кои се сигурни дека ќе завршат во океанот. Вселенското летало на НАСА неконтролирано се сруши на Земјата последен пат во 1979 година, а тоа беше Скајлаб, чии делови го преплавија југозападниот дел на Австралија.

Бројни експерти го искористија сегашното внимание на медиумите кон проблемот со паѓање на вселенскиот отпад на земјата за да повикаат на воспоставување меѓународни правила за вселенски летови, со цел во иднина дополнително да се намали ризикот за луѓето и имотот од ваквите лансирања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.