Душко Ристовски, еден од веројатно двајцата Македонци што живеат во Бејрут, Либан за порталот „Факултети.мк“ сведочи за експлозијата која се случи во овој град, а во која загинаа најмалку 113 луѓе.

Тој живее на само два километри од местото каде што се случила експлозијата.

Беше 18 часот и 15-ина минути. Се подготвував да излезам. Одеднаш се слушна силен звук и тресење на зградата, слично на земјотрес. Ги зедов децата и ги одвлеков да застанеме под вратата, каде што сметав дека е најбезбедно. Во тој момент само силно ги гушнав. Не знаев што друго да направам. За десетина секунди повторно се слушна силен звук и тресење, можеби петпати појако од претходното. Тогаш почнаа да пукаат сите прозорци од станот. Насекаде имаше стакло. Замислете, пукнаа и прозорците низ кои имаше метална мрежа. Тогаш сфатив дека не е земјотрес – вели Душко.

Во тој момент најважно му било да излезе од станот и да замине со своите деца што подалеку, мислејќи дека на отворено ќе бидат побезбедни.

Целиот текс тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.