Некогашниот член на обезбедувањето на кралот на попот Мет Фидес открил за странските медиуми како Мајкл Џексон своевремено носел заштитна маска и ракавици, само затоа што стравувал од ширење на опасен вирус по човечкиот организам. Тој ги имал во изобилство и во разни дезени, а ги носел едно време секојдневно, бидејќи никогаш не знаел со кого ќе се сретне и дали некому евентуално би можел нешто некому да пренесе понатаму!

Оваа искрена исповед ја потресе јавноста, бидејќи со короната во моментов такво нешто се случува.

Знаеше дека природната катастрофа секогаш негде чека. Беше многу свесен и секогаш зборуваше дека би можеле да бидеме избришани од лицето на земјата. Велеше, не смеам да се разболам, не можам да ги изневерам своите фанови. Концертите се ближат. На оваа планета сум со причина. Не смеам да го оштетем гласот, морам да останам здрав бидејќи не знам со кого ќе се сретнам и што би можел да му пренесам.

Типот беше многу интелигентен и денеска сигурно би бил тажен што никој не го слушал и носењето маски не го сфатил сериозно – заклучил поранешниот телохранител.

Инаку на службениот профил на покојниот музичар се појави фотографија на која тој носи црна маска, минувајќи крај мноштво обожаватели.

Под фотографијата тој напишал: Бидете свесни и сигурни!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.