Во куќа во Лос Анџелес пронајдени се телата на три мали деца, а полицијата ја уапси нивната мајка како едниствена осомничена за убиствата. Приведената Лилиана Кариљо наводно ги избодела трите деца од кои најмалото имало само шест месеци, а најголемото имало три години.

Телата на децата ги пронашала нивната баба.

Овие слики цел живот ти остануваат во меморијата. Како полицаец, многу ми е тешко да го сфатам ова што го видов, им изјави на медиумите еден од полицајците кои работат на случајот.

По веста за стравичниот случај, мајката била забележана како краде авотмобили, но набрзо е уапсена.

Засега не е познат мотивот за ова злодело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.