Неименувана мајка од Кина ги продала своите новородени близначиња за 7 400 фунти за да си ги отплати долговите на кредитните картички и да си купи мобилен.

Машките бебиња стари само две недели ги продала на две различни семејства , кои живеат на 700 километри од нејзиниот роден град. Полицијата ги уапсиле жената и нејзиниот партнер, а бебињата биле дадени на чување на бабата и дедото.

Полицијата откри дека мајката со презиме Ма ги родила близнаците минатиот септември, а бидејќи се родени предвреме, биле сместени во инкубатор. Нејзиниот партнер, со презиме Ву, не се појавил во болницата, па Ма решила да им ги продаде децата на странци.

Кинеските медиуми јавуваат дека го направила тоа затоа што е „невработена и во долгови“ и дека нејзиното семејство не сакало да и помогне бидејќи не одобруваат што забременила пред брак.

Таткото Ву, наводно, се јавил само кога дознал дека таа ги продала нивните деца за да го побара неговиот дел од парите и со нив да ги исплати коцкарските долгови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.