Oгњен Врањеш ја покажа хуманоста на дело! Според пишувањата на српски „Курир“, фудбалерот кој што во последните три месеци е во центарот на вниманието поради аферата со Јелена Карлеуша, го купил ѓерданот од нејзината лута ривалка Цеца Ражнатовиќ кој што беше понуден на аукција за хумани цели и тоа за три илјади евра.

Според тврдењата на соговорниците за „Курир“, Врањеш под лажно име се вклучил во акцијата и уште во старт понудил најмногу пари, односно 2 илјади евра, а на сметката на момчето за кое што се собираа средства уплатил дополнителни уште илјада евра.

Редакцијата на „Курир“ пробала да го исконтактира и него и Цеца, но и двајцата не одговарале на повиците. Меѓутоа, пејачката се заблагодарила преку Инстаграм на сите кои што ја покажале својата хумана страна.

Сакам да им се заблагодарам на сите кои учествуваа во акцијата да му се помогне на Никола. Посебно сакам да и се заблагодарам на личноста која што сакаше да биде анонимна, а издвои три илјади евра за мојот ѓердан, напиша Цеца на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.