Стефан Петревски е младо дваесетгодишно момче на кое соништа му се остваруват. Тој не се разликува од своите врсници, сака се што сакаат и младите луѓе на негова возраст: веслање, ноќен живот, излегувања, девојки, но најмногу од се сака математика.

Во моментов е меѓу петте студенти од Македонија кои ја имаат привилегијата да студираат на еден од најдобрите светски универзитети Оксфорд. Себе си се гледа како човек на кого математиката ќе му биде главна преокупација во животот, а иако го пропатувал светот за 24 инфо вели дека знаењето планира да го донесе во својата Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.