Веста за страшната трагедија – убиство и самоубиство која одекна во Панчево, но ја потресе и цела Србија, четири деца остави без родители. 41-годишниот Милан Ж. завчера ја убил својата љубовница 31-годишната Марија С., а потоа и сам си пресудил во автомобилот.

На двете тела биле пронајдени прострелни рани во пределот на главата. Во автомобилот бил пронајден и пиштол, калибар 7,65 милиметри, со кој најверојатно било извршено злосторството.

Станува збор за голема трагедија бидејќи Марија зад себе оставила две деца – ќерка тинејџерка и бебе кое има само една година. Марија потекнува од угледно семејство од Качарево, пишуваат српските медиуми и работела на неколку места, а предавала и германски во едно основно училиште. Милан е татко на двајца возрасни синови од 16 и 20 години, за кои се грижел по разводот со нивната мајка, со која бил во пријателски односи.

Се претпоставува дека Милан и Марија биле во емотивна врска и дека, според соседите, тие имале жестока кавга на кобниот ден.

Милан зел пиштол од неговата куќа во Велико Градиште за кој неговиот татко имал дозвола. Засега е непознато дали тој го зел оружјето во вторникот наутро, непосредно пред да замине за Панчево или претходните денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.