Двојка од Масачусетс се реши на неверојатен чекор. Иако никогаш не се виделе во живо, по само една средба на апликацијата „Зум“, Кајла Мекартур (31) и Рајан Крејн (35) одлучиле да заминат во Мексико и да започнат заеднички живот.

Имав проблем да најдам соодветен партнер. Кога почна пандемијата, изгубив секаква надеж дека некогаш ќе ја најдам. Бев подготвена за љубов, но никогаш не сакав онлајн-запознавања. Сакам да ја почувствувам човечката енергија во живо, но поради сите ограничувања во пандемијата, дел од мене го прифати фактот дека имам премалку шанси да се сретнам со човекот од моите соништа во 2020 година, вели Кајла.

Откако пријателка конечно ја убеди да „оди“ на состанок преку Интернет со Рајан, таа веднаш сфатила дека двајцата имаат многу заеднички интереси, дека се авантуристи и сакаат да патуваат.

Бев многу депресивна поради мерките. Решив да ризикувам и да му испратам порака – дали сакаш да одиме во Мексико, раскажува таа.

На Рајан не му требало многу време за да каже да.

Кога конечно се видовме во живо во дневната соба на тој изнајмен апартман, помислив – оваа девојка сјае, раскажува тој.

Рајан вели дека нивните семејства им рекле дека кога нивното патување ќе заврши ќе започнат проблемите и дека сè oва е многу избрзано.

Тоа ни беше смешно, зошто и јас и таа сакаме да водиме ист начин на живот. Сакаме вака да живееме, вели тој.

Следни места за посета на оваа необична двојка се Лисабон, Сан Диего и Костарика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.