Членовите на парохијата на Џузепе Берардели знаеле за недостаток на респиратоти во Италија која се борела против Ковид 19, па несебично се здружиле да му купат еден.

Џузепе несебично ја дал спасувачката опрема на целосен странец кој имал проблем со дишењето, пренесува Мирор.

72 годишникот, кој имал медицински проблеми, починал во локалната болница откако е заразен со коронавирусот во најтешко погодениот регион, Ломбардија.

Состојбата на лицето на кое му го дал респираторот не е познато, но помладите луѓе имаат поголема шанса за преживување ако имаат пристап до неопходната опрема.

Во Италија има голем недостаток на респиратори, бидејќи земјата секојдневно се бави со илјадници нови случаи.

Џејмс Мартин, консултант на ватиканскиот секретар за комуникација, ја подели тажната вест на Твитер.

Фалејќи го Џузепе за неговиот несебичен чин напиша: Отец Џузепе Берардели, 72 годишен свештеник, кој го дал респиратотот(кој му го купиле припадниците на парохијата), на помлад пациент(кого не го познавал), почина од коронавирус!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.