Лепа Брена на 20 октомври ќе наполни 59 години, а иако е во топ форма и гласот ја служи, честопати се случува да ја прашаат кога планира да се пенизонира, а има и такви кои што ја нарекуваат баба. Меѓутоа, Брена за „Телеграф“ рекла дека никогаш во животот не се оптеретувала со малограѓански муабети.

Чувствувам дека припаѓам во категоријата на вредни и остварени луѓе, па затоа не признавам дека годините се пречка за да се занимавате со себе и да го работите она што го сакате. Ниту се чувствувам како баба, ниту, пак, сум толку стара, рекла Брена и додала :

Одлично знам како функционира шоу – бизнисот, но никогаш нема да му се предадам на примитивизмот.

Таа е мајка, сопруга, фолк ѕвезда и тврди дека е исполнета на сите полиња.

Секоја моја улога е составен дел од делот на мозаикот на мојата личност. Исполнета сум на сите полиња – како сопруга, како мајка, баба, сестра, тетка…како некој кој што ја работи својата работа. Верувајте дека сите тие сегменти ми беше и потребен затоа што кога ќе се изморите од едно нешто, ќе можете да се фокусирате на друго, или во улогата која ти е потребна во тој момент. Кога ќе се изморите од работата, ќе побегнете во улогата на мајка и баба. Кога,пак, ви е преку глава од домашните обврски, ќе се свртете кон работата. Секоја улога е еднакво важна и добро е да ги имате и негувате сите до една, порача најголемата балканска музичка ѕвезда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.