Лејди Гага и Бредли Купер не се симнуваат од насловните страници на весниците и на таблоидите. Светските портали упорно пишуваат дека Гага е главната причина што актерот реши да се раздели од сопругата Ирина Шајк.

Сега, медиумите пишуваат дека наводно пејачката е бремена. Во еден магазин излезе фотографија на која што Купер го прегрнува стомакот на Гага, па од таму сомнежите дека поп-ѕвездата чека бебе. Според магазинот „In Touch“ нема сомнеж дека детето е токму на Бредли.

Во јавноста веќе се шпекулира дека бременоста на Гага е причината што тој се раздели од Ирина Шајк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.