Лав усмрти 22-годишна девојка во центар за заштита на диви животни во американската сојузна држава Северна Каролина, откако успеал да излезе од својот заграден простор.

Лавот бил застрелан веднаш по нападот. Починатата била дел од екипата задолжена за чистење на прифатилиштето за животни што се наоѓа во градот Берлингтон и таму работела веќе две седмици.

Установата е основана 1999 година, а од 2007. почнува да прима и посетители. Над 16.000 луѓе годишно го посетуваат местото, кое има повеќе од 80 животни од над 20 видови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.