Видеото на лути њујорчани како исфрлуваат жена, која не носи маска во продавницата, се рашири на социјалните мрежи.
Снимката од 21. секунда е прегледана неколку милиони пати и се прикажани пет клиенти кои напаѓаат жена која не носи маска во продавницата, иако е утврдено дека сите мора да ги носат на јавни места.
„Оди си од тука“, викаат кон жена, која, фрустрирана од ситуацијата, само ги крева рацете во воздухот.
На крајот, таа се откажува од дискусија со борбените луѓе и излегува од продавницата, а некои отишле по неа за да се уверат дека таа навистина си заминала.


Видеото беше објавено на Твитер на 24. мај од Мекоули Холмс, а тој рекол дека не е автор на видеото, туку го пронашол на Редит.
Социјалните медиуми развија движење на срам за секој што не носи маски на јавни места. Сите Њујорчаните се обврзани да ги покријат носот и устата во продавниците и другите места каде што не е можно одржување на растојание.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.