Млада мајка од Велика Британија била ужасната од она што го нашла во Киндер јајцето кое му го купила на својот 2-годишен син.

Керли Мулиган (28) во средата купила Киндер јајце за синот, но кога дошла дома, открила „чудни ознаки“ преку јајцето. „Одлучивме да го застругаме со ноже и одеднаш на кујнската маса падна нешто што изгледаше како мал жолт црв“, рекла мајката.

Бев ужасната. Веднаш го земав мобилниот телефон и почнав да снимам додека стругавме понатаму и излегуваа уште. Тоа е најлоша ноќна мора на родител. Замислете тоа да му го дадев на својот син. Не е доволно возрасен за да знае дека ова изгледа чудно.“

Мајката на две деца од Арнолд (Нотингамшир) се пожалила во продавницата B&M, но и во Киндер.

Киндер ѝ рекле дека ќе ѝ испратат плико во кое би требало да го стави јајцето и да го прати во нивното седиште во Гринфорд, во западен Лондон, пренесува „The Mirror“.

Но, после деталниот преглед на амбалажата, Керли открила дека на јајцето му истекол рокот на траење пред повеќе од една година. Одлучила снимката да ја стави на Фејсбук, а таа станала вирална. „Откако излегоа четири црва, одлучивме да застанеме и да го завиткаме јајцето повторно. Можеби имаше уште внатре.“

„Не барам компензација, но сакам луѓето да знаат за ова. Мислам дека е важно“, додала таа.

Од продавницата B&M рекле дека ќе покренат истрага за инцидентот.

точка.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.