Босилекот е билка позната по своите лековити дејства и поради тоа можеби е идеално време да почнете да ја одгледувате во вашиот дом.

Босилек или босилок, поточно сладок босилек (науч. Ocimum basilicum) — растение од семејството на усноцветните (Lamiaceae). Босилекот е мека нискорастечка билка која се одгледува во топли клими. Потекнува од Иран, Индија и други тропски региони на Азија, и се култивира барем 5.000 години. Постојат многу видови босилек: оној што се употребува во италијанската кујна се нарекува „сладок босилек“, за разлика од „тајландскиот“ или „светиот“ кои се употребуваат во Азија.

Зборот „босилек“ веројатно доаѓа од грчкиот збор за крал (βασιλεύς – „василеос“) бидејќи според легендите босилек никнал на местото кај што светите Константин и Елена го откриле светиот крст. Се верува и дека можеби босилекот се употребувал во некое обредно кралско капење или лековита смеса.

Според старите верувања куќата во која се одгледува босилек не може да биде сиромашна, затоа набавете ја ова била што побрзо. Исто така старите верувања велат дека оној кој наутро ќе консумира малку босилек ќе привлече благосостојба во текот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.