Крстовден е голем празник кој го прославуваат православните верници, денот кога е пронајден Чесниот крст и денот кога е вратен од Персија во Ерусалим.

Порано, луѓето на овој празник држеле строг пост.

Се верува дека денешниот ден го претскажува и времето:

– Ако на Крстовден е облачно, зимата ќе биде богата со снег, а ако е суво, наредната година ќе биде сушна.

– Ако до Крстовен не си заминат ластовиците, нема да има јака зима.

– Слаб дожд на Крстовден претскажува блага зима.

– Грмежи на Крстовден претскажуваат плодна година.

– После топлиот и сув септември ни претстои студен и врнежлив октомври.

– Ако за Крстовден е облачно, зимата ќе биде снежна. Ако е ведро, ќе има мраз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.