Малолетниот Ѓ.С.(10), кој во вторникот е пронајден мртов во станот во кој живеел со братот и родителите, најверојатно се обесил со кимоно за џудо, а детето најверојатно се обидувало да изведе и сними предизвик на ТикТок, кој е многу опасен.

Трагедијата се случила кога момчето останало само дома, откако родителите отишле во продавница.

Кога родителите се вратиле, станот бил заклучен, а Ѓ.С. не одговарал на нивните повици, лупање по вратата и довикувањето. Родителите испаничиле, па повикале полиција и пожарникари. Надлежните преку тераса влегле во станот и го нашле детето обесено на креветот на спрат.

Детето околу вратот имало замотано кимоно, бидејќи некое време тренерило џудо. На полицијата не и било јасно дали детето случајно настрадало или намерно се обесило, а потоа дошле до сознанија дека учествувало во предизвикот Блекаут.

Соседите на несреќното семејство биле видно потресени.

Тоа е фино семејство, имаат два сина, а пред четири години се доселија во станот на баба им. Делуваа сосема нормално, децата не одаваа впечаток дека имаат било каков проблем, па поради тоа се изненадивме кога слушнавме за трагедијата, раскажуваат соседите.

Во вторникот вечерта слушнавме бука и видовме полиција и пожарникари, а потоа одекнаа и криците на очајниот татко. Човекот не можеше да дојде на себе, кукаше, а покрај него стоеше уплаканата сопруга. Што да кажат, останаа без синот. Не можете ни да замислите колку прекрасно беше тоа дете, културно, воспитано, ма душа од дете – додаваат соговорниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.