Принцот Филип ќе биде погребан во сабота, но на поинаков начин од тоа што е вообичаено во кралското семејство…

Традицијата според која членовите на кралското семејство на погребите на своите најблиски носат униформи ќе биде прекршена на последното испраќање на принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета.

Како што пишува „Дејли мејл“, причината зошто принцот Вилијам, принцот Чарлс и другите нема да ги носат своите униформи, со кои би требало да му одадат чест на починатиот Филип и неговите воени заслуги е тоа што носењето на униформите е забрането за принцот Хари и принцот Ендру, кои исто така ќе присуствуваат на погребот.

Хари, војводата од Сасекс го загуби тоа право кога со сопругата Меган Маркл одлучи да се откаже од кралските должности, што за него беше исклучително болно, бидејќи тој служеше во британската војска повеќе од десет години.

Од друга страна, принцот Ендру, синот на кралицата Елизабета и принцот Филип, го изгуби правото за носење на униформата, како и својата титула, по скандалот во кој заедно Џефри Епштајн беше доведен во врска со педофилија.

Кршењето на традицијата го нареди самата кралица Елизабета „со цел никој да не може да ги посрами нејзиниот внук и син“.

Поради тоа, сите на погребот на принцот Филип ќе се појават во вообичаена облека.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.