Кралицата Елизабета реши да застане на пат на непослушноста на Меган Маркл и принцот Хари кога во прашање се многу протоколи и кралски правила во прашање.

Кралицата дознала дека Меган и Хари планираат да посвојат уште едно напуштено куче, овојпат за својот син Арчи, па донела драстични мерки, забрана за држење на куче во Бакингамската палата!

Хари и Меган почнале да работат во своите канцеларии во една од куќите на кралицата, а Елизабета никако не сака тие кучиња таму да влегуваат и престојуваат – рекол извор од палатата и објаснил како кралицата рекла дека нема ништо против слобода, но таа слобода да ја вежбаат во својата куќа.

Таа и соопшти на Меган дека во својот дом во Фрогмор можат да прават што сакаат, но дека не доаѓа во предвид било што од тоа да пренесуваат во палатата. Меган е очајна бидејќи обожува животни и сака да ги усвојува – додал изворот.

Ова не е првпат кралицата да реши да ја скроти Меган Маркл. Како што пренесуваат медиумите, војвотката планирала да напише мемоари, но Елизабета нејзината идеја во старт ја угушила.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.