Помина речиси една година откако Меган Маркл и принцот Хари донесоа одлука и објавија дека се повлекуваат од должноста во британското кралско семејство. Принцот и поранешната американска актерка на пролет се преселија во Канада, а веднаш потоа одлучија да купат куќа во родниот дом на Меган, Калифорнија, каде живеат и денес.

Иако е очигледно дека ги прекинале сите врски со Лондон, Меган и Хари понекогаш сакаaт да бидат дел од институцијата, но тоа повеќе не им е дозволено.

„Дејли мејл“ пренесува дека на кралицата Елизабета и требале две секунди за да ги „откачи“ кога се јавиле во палатата пред Денот на сеќавањето на паднатите војници во војните, кој на Велика Британија и е исклучително важен.

Ставот на кралицата е јасен – или си внатре или си надвор.

Меган и Хари никој не ги избрка од семејството и секогаш ја имаа поддршката. Сами заминаа и не постои начин тие повеќе да бидат со едната нога внатре, пишуваат британските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.