Израелскиот рабин Даниел Асор ги предупреди своите следачи дека „секоја вакцина направена од ембрионски супстрат, ќе предизвика обратни тенденции“, поточно дека вакцината против ковид-19 е тесно поврзана со хомосексуалноста.

Субстанцата за која зборува Асор е елемент во новата вакцина со кој се програмира имунолошкиот одговор кај пациентите, пренесува израелскиот медиум „Хајом“ и предупредува дека нема никаква основа и вистина во она што го зборува рабинот.

Ова не е првпат Асор да шири свои видувања на коронавирусот и вакцините и да шири неоснована паника меѓу верниците. Како што пишува весникот, тој раширил теории на заговор дека израелскиот премиер Венјамин Нетанјаху планира со вакцината да ги чипира граѓаните и дека пандемијата е дело на Бил Гејтс, масоните и Илуминатите за контрола врз светската популација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.