Костурот на од еден од најпознатите тираносауруси оди на наддавање во аукциската куќа „Кристи“ во Лондон на почетокот на октомври. Се проценува дека би чинел на 6-8 милиони долари.

Тираносаурусот-рекс, кој го доби името „Стен“ живеел пред околу 67 милиони години. Долг е 3,6 метри, а беше откриен 1987 година во американската сојузна држава Јужна Дакота, од палеонтологот аматер Стен Сакрисон.

Сакрисон потоа им го покажа на научниците, кои пак, потоа погрешно го идентификуваа како трицератопс – вели Џејмс Хислоп, раководителот на одделот за историја на природни науки при аукциската куќа.

Трицератопсите се релативно чести во палеонтолошкиот свет, така што коските не привлекоа многу внимание сè додека Сакрисон не ги однел во Институтот Блек хилс во Јужна Дакота во 1992 година. Научниците таму многу бргу утврдиле дека се работи за Ти-рекс.

За 188 од околу 300 коски се претполага дека му припаѓале на тираносаурус – вели Хислоп.

Во блиска иднина се планира и изложба на „Стен“ и во Њујорк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.