Шпанската престолонаследничка Леонора е во карантин, бидејќи нејзин соученик во едно мадридско училиште е позитивно на вирусот корона, објави денеска шпанското кралско семејство.

Според Ројтерс, 14-годишната принцеза, заедно со сите други ученици од нејзиното одделение, ќе бидат тестирани за КОВИД-19, а нејзините родители, кралот Фелипе и кралицата Летиција, засега ќе продолжат да ги извршуваат своите кралски должности.

Минатата недела осум милиони ученици во Шпанија се вратија на училиште, но во меѓувреме некои училишта беа затворени затоа што меѓу учениците се појави вирусот корона.

Инаку, бројот на досега загинати од коронавурис во Шпанија изнесува 29.747.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.