Џозеф Ју и Канг Тинг од Сингапур решиле да се почастат со патување низ Кина неколку дена пред свадбата. Но, поради коронавирусот, голем дел од гостите биле загрижени и во последен момент се мремислувале дали да присуствуваат на свеченоста.

Но, овие одсетливи младенци најдоа решение – пријателите и семејството беа во свадбената сала, а тие преку видеоврска од хотелската соба ги поздравуваа. Младоженците, исто така, одржаа поздравни говори и им наздравуваа на гостите преку конференциската врска.

Коронавирусот досега однесе животи на 550 луѓе во Кина и се рашири во околу 20 земји.

Во Сингапур има 28 случаи на заразени, што ја вбројува земјата на третото место зад Кина и Јапонија.

На 24 јануари, парот патувал во провинцијата Хунан, која граничи со Хубеи, извор на заразата, за да ја прослават кинеската Нова година во родниот град на невестата Канг Тинг.

Тие се вратиле на 30 јануари, а свадбата беше закажана за 2 февруари во хотел во Сингапур.

Парот веќе направил свадба во Кина и била планирана уште една церемонија за семејството и пријателите на зетот.

Во Азија не е невообичаено да се одржат две церемонии, особено кога младоженецот и невестата се од различни земји.

Не бевме тажни, но малку разочарани, рече Ју, додавајќи дека немало друго решение затоа што хотелот не прифатил да се одложи резервацијата за свеченоста.

Од 190 поканети гости, 110 присуствувале на свадбата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.