Магазинот „Монокл“ го прогласи главниот град на Данска, Копенхаген за најубав град за живеење за оваа година.

Во рангирањето што го прави магазинот, се вели дека пандемијата на Ковид-19 ги направила дискусиите за зелениот простор, подоброто домување и привлекувањето нови таленти поважни од кога било.

Копенхаген е еден од оние градови каде што постои вистинска амбиција да се обезбеди подобар квалитет на живот за сите. Стремежите за создавање почиста околина се најдобри тука, а градот ги бележи придобивките од повеќегодишните урбани инвестиции – вели главниот уредник на „Монокл“, Ендрју Так.

По Копенхаген, следуваат Цирих, Хелсинки, Стокхолм, Токио, Виена, Лисабон, Оукланд, Тајпеј, Сиднеј, Сеул, Ванкувер, Минхен, Берлин, Амстердам, Мадрид, Мелбурн, Кјото, Бризбејн и Лос Анџелес.

Како што се истакнува во текстот, ова се градовите кои ја искористиле изминатава година за подобро да ги изградат своите улици, просторот за живеење, стопанството, културната сцена…

Истражувањето и рангирањето на „Монокл“ е објавено во изданието за јули/август 2021 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.