Одлуката на принцот Хари и Меган Маркл да отстапат од вршење на своите должности ја шокираше светската јавност, а сега е откриено кој ќе ги замени.

Судејќи по кралскиот биограф Роберт Лејси, Меган и Хари ќе ги заменат двете млади внуки на Елизабета, принцезите Беатрис и Јуџин.

Очигледно е дека една од последиците на отстапување на војводата од Сасекс од должноста е и тоа што Јуџин и Беатрис ќе мора да се покажат. Некој мора да ги замени луѓето кои ја напуштаат својата положба. Сигурен сум дека принцезите ќе се извлечат од сенките и дека ќе бидат добро прифатени. Тоа е она што на кралското семејство му треба, бидејќи до генерацијата на Џорџ, ќе поминат уште 15 години. Баш е иронично што Хари ги наведе токму нив двете како модел на она на што сака да се угледа – рекол Лејси.

Принцезите Беатрис и Јуџин се ќерки на синот на Елизабета, Ендрју и Сара Фергусон. Принцезата Јуџин се омажи за претприемачот Џек Бруксбенк во октомври 2018 година. Бетарис пак ќе се омажи оваа година за британскиот инвеститор Едоардо Мапели Моци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.