Винстон имал среќа да доживее вистинска љубов со неговата сопруга Џенет. Тие се венчале 1962 година и се сакале безусловно. Биле толку складен и вљубен пар, што луѓето им се обраќале за љубовни совети. Меѓутоа, нивната среќа одеднаш била прекината. После 33 години брак, Џенет умрела од срцев удар. Овој трагичен настан се случил пред 20 години, а кога умрела Џенет, нејзиниот сопруг, Винстон засадил 6 илјади стебла на својата фарма во југозападна Англија.

Поради начинот на кој садниците се посадени, во средина на шумата се формирало срце. Неговата посвета на љубовта на неговиот живот не била откриена 17 години.Меѓутоа, оваа слика од воздух после години го открила неговиот прекрасен чин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.