Најлошо нешто за еден човек е, велат, кога ќе доживее смрт на своите деца. Кога дознале дека трите деца им загинале во падот на авионот на „Малезија ерлајнс“ на летот МХ17, австралискиот брачен пар Ентони Маслин и Мирит Норис прво размислувале дали да скокнат од кровот на зградата во Амстердам, каде што се задржале неколку дена повеќе на годишен одмор. Се расправале дали да скокант заедно или одвоено.

Нивните три деца Мо (12), Еви (10) и Отис (8) се враќале со авион дома во Перт заедно со својот дедо Ник Норис (68) кога авионот беше соборен со проектил земја-воздух над Источна Украина во 2014 година.

Очајните родители сепак, решиле со самоубиство да не предизвикуваат дополнителна болка кај најблиските.

„Минавме низ пекол“, објаснува Мари Норис, а пренесува „Дејли мејл“.

Три работи им помогнале да ја преживеат трагедијата. Прво, раѓањето на нивнатта ќерка Вајолет. Потоа Мари уреди еден посебен простор за уметничко изразување и тој го отвори за заедницата. Почнале да се занимаваат со земјоделие.

Пет години по трагедијата тие сакаат да порачаат дека се во ред. Сакаат правда за загинатите, но не живеат во омраза.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.