Кога очекувавме дека дојде крајот на маките на Кристијан, после сите поминати операции, третмани, голготи… кога очекувавме дека Кристијан ќе биде подобро, се случи тоа што воопшто не го очекувавме!

Вака Весна го започнува апелот за помош на нејзиниот син Кристијан, на кого во моментов сите сме му потребни:

Кристијан падна и го скрши колкот. Поради неговата состојба (аутизам и епилепсија) во Македонија не се нафаќаат на операција и истата треба да ја чекаме уште 4 години, бидејќи Кристијан сега е дете и овие операции не се праваат на деца.
Порај овие состојби Кристијан има и остеопороза што дополнително пречи колкот да зарасне. Секој ден Кристијан пие терапија против болки кои се неиздржливи, неможе да се движи, врзан е за количка. Никој не ни гарантира дека Кристијан после 4 години ќе го оперираат и дека ќе може да застане на нозе.
Барајќи го спасот секаде, неможејќи да дозволиме ваква неизвесност и вака да го оставиме Кристијан, најдовме болница во Турција која се нафати да го оперира по Judet Meyers метода за да може Кристијан да оди и да застане на нозе.
Операцијата чини 10.000 евра кои ние ги немаме ниту пак можеме некако да ги обезбедиме без ваша поддршка.
Ние како родители ве замолуваме да ни помогнете да ја поминеме и оваа голгота и да ги собереме потребните парични средства за да може нашиот син да застане на нозе.

Отврени се донациски броеви

143 125 Телеком
143 464 А1
Вашите 100 денари за Кристијан значат живот на нозе.

Уплати на жиро сметка

210-7000006478-05 NLB банка
IBAN CODE MK 07210501699259629
SWIFT TUTNMK22
NLB BANKA AD SKOPJE

ВЕ МОЛИМЕ СПОДЕЛУВАЈТЕЕ !!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.