Најскапиот судир во Европа, а можеби и во светот, се случил при една сосема обична сообраќајна несреќа. Повеќе возила се движеле зад камп-приколка, а возачите на „бугати чирон“ и на „порше 911“ истовремено одлучиле да престигнуваат.

Несреќата била неизбежна, а покрај скапите возила во судирот учествувале и автомобилот со приколката и еден „мерцедес“.

Според истрагата на швајцарската полиција од кантонот Ури, возачот на приколката е полесно повреден и однесен в болница.

Возачите на „поршето“ и на „бугатито“ одбиле да потпишат заедничка изјава за сообраќајната незгода. Проценетата штета предизвикана во оваа несреќа е околу 3,5 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.