Секоја врска има насока кон која се движи. Почнува наивно и забавно, доаѓа период кога емоциите достигнуваат кулминација, а штом дојде тој период ја чувствувате потребата да ги кажете двата збора од кои се плашат сите, но и ги очекуваат со нетрпение. Се плашат од причина да не не го слушнат очечкуваниот одговор. Всушност тоа е моментот кој го создава проблемот ако не се врати назад-“те сакам и јас тебе”.

Сигурно некогаш сте се нашле во една од овие две ситуации, ако не и во двете. Да го разгледаме тоа детално. Ако вие сте кажале”те сакам” први, веројатно сте го очекувале повратниот одговор. Но, не сте го добиле. Наеднаш, настанува непријатна и тензична ситуација, не знаете како после тоа да се обратите и го избегнувате партнерот извесно време. Но, кога тогаш мора да го погледнете во очи и да разговарате повторно. Имате избор: да ја спомнете целата ситуација или да се правите дека не се случила. Ако се одлучите за втората варијанта, во тој случај мора да знаете дека се што се става “под теписон” во еден момент ќе излезе на површина. Затоа, најдобро е да го соочите со тоа што ви пречи и да знаете на што сте.

Секогаш е убаво да му кажете некому „те сакам” бидејќи тоа се ваши емоции кои ги имате кон друга личност. Кажете ги гласно без трошка двоумење и очекување. Вие сакате и нека знае светот. Ако не ви биде возвратено, не зачи дека треба да се стави крај на врската, туку значи дека на другата личност и треба време да го каже назад, посебно ако никогаш претходно не го кажал. Немојте да судите веднаш, оставете простор за реакција која не мора да биде во вашата времеснка рамка. Којзнае, можеби тоа ќе биде најубавотот “те сакам” кое некогаш сте го слушнале и кое ќе ви го промени животот засекогаш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.