Во гостувањето кај Џими Кимел актерот Џорџ Клуни открил дека не сака да му биде кум на кралското бебе.

Со оглед на тоа дека е познато дека Џорџ и неговата сопруга Амал се блиски пријатели со Хари и Меган, а малиот Арчи по игра на случајност е роден на исти ден со актерот, се појави гласина дека Џорџ може да им биде кум.

Кога Џими Кимел го прашал што мисли за тоа, Џорџ веднаш одлучно одбил.

Тоа би била лоша идеја, одговорил тој, а потоа образложил: Јас сум татко на близнаци, а и со тоа едвај се справувам. Не би требало да бидам ничиј кум.

На инсистирање на Џими да му каже каков ќе биде неговиот одговор ако Хари и Меган би го побарале тоа од него, тој одговорил: Јас нема да бидам кум, ти ветувам. Сосема сум сигурен во тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.