Жена во Аргентина била шокирана кога открила дека нејзината мајка е сè уште жива, само неколку секунди пред да биде кремирана.

Старицата (89), која не беше именувана, била примена во приватна болница во Рестенсија, на северот на Земјата, откако во саботата се пожали на болка во градите. Следниот ден на нејзината ќерка ѝ било даден уверение за смртта затоа што наводно жената починала од срцев удар.

Додека погребните работници се подготвувале да ја пренесат старицата преку подвижната трака до крематориумот, нејзината ќерка го запрела процесот откако забележала дека нејзината мајка сè уште дава витални знаци.

Жената е вратена во приватната клиника каде моментално се наоѓа на интензивна нега, објавија локалните медиуми.

Ќерката ја пријавила клиниката, а властите потврдиле дека ќе спроведат истрага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.