Синот на пејачката Цеца Ражнатовиќ, Вељко и неговата свршеница Богдана Родиќ денеска ќе се заколнат на вечна љубов. Вељко и Богдана штом дознаа дека ќе добијат дете, веднаш решија да се венчаат, а со оглед на тоа дека и двајацта се големи верници, решија свадбата да ја направат пред божиќниот пост кој почнува на 27 ноември.

Богдана преноќила кај Цеца во куќата на Дедиње, каде утринава дошле шминкери, а околу девет часот би требало да стигне во семејната куќа во Тител.

Вељко по невестата ќе оди во олдтајмер, а во истиот скапоцен автомобил, младенците ќе одат до храмот Свети Сава, каде ќе се венчаат. Ќе се почитуваат сите обичаи, Вељко ќе пука во јаболко, ќе се „откупува“ невестата…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.