Сопругата и семејството на шампионот во Формула 1, Михаел Шумахер, за прв пат ќе си ја отворат душата за семејната трагедија откако поранешниот Ф1 возач доживеа несреќа на француските Алпи, пренесува британски Дејли меил.

Се работи за филм кој го носи името Шумахер, а се очекува да биде во кината низ светот декември годинава.

50-годишната сопруга на Шумахер, Корина, која ретко зборуваше во јавноста, се очекува да биде дел од филмот, како и неговиот 73-годишен татко Ролф.

Наскоро се најавува и трејлер за филмот кој ќе ја открие целата вистина за состојбата на возачот.

Продуцентите велат дека филмот е направен за одбележување на 50. роденден на Шумахер, а нема да биде само за несреќата, туку и за приватноста и неверојатната кариера на Германецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.