Непосредно пред нејзината смрт во 1996 година, познатата претскажувачка Баба Ванѓа предвидела дека 2021 ќе биде годината во која ќе се пронајде лекот против рак. Според нејзините визии, 45-от претседател на САД ќе страда од мистериозна болест, од која ќе стане глув и ќе има оштетување на мозокот, додека најмоќниот човек во Кремљ ќе доживее атентат.

За оваа година Ванѓа предвиде и дека исламски терористи ќе ја нападнат Европа и дека ќе користат хемиско оружје.

Ќе дојдат тешки времиња, луѓето ќе бидат поделени со вера. Ќе бидеме сведоци на големи катастрофи, кои ќе ја сменат судбината на човештвото. Сепак, тоа исто така ќе направи да се промени и свеста на луѓето, наводно рече таа.

Тројца гиганти ќе се обединат, предвидува Ванѓа без да каже конкретно што значи тоа. Луѓето ќе почнат да користат црвени пари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.