Поранешен директор на кинеска државна компанија за недвижнини, кој јавно ги критикуваше постапките на претседателот Си Џинпинг во однос на лошото постапување со пандемијата на корона вирус, во вторникот беше осуден на 18 години затвор за корупција, објави владата, пренесува СиЕнЕн.

Рен Жиџианг, кој стана познат по тоа што зборуваше за цензура и други чувствителни теми, исчезна од јавноста во март откако објави есеј на Интернет, обвинувајќи го Си Џинпинг за лошо ракување со епидемијата што започна во декември во градот Вухан. .

69-годишниот Рен е осуден за корупција, мито, проневера и злоупотреба на службената положба, соопшти судот во Пекинг.

Тој во јули беше избркан и од Комунистичката партија, откако беше обвинет за „спогодба со неговите деца за стекнување неограничено богатство“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.