Вселенското зрачење на Месечината е два до три пати поголемо отколку на Меѓународната вселенска станица, што ќе биде најголема опасност за истражувачите во иднина, откри кинеската лунарна сонда Чанг-4.

Кинеско-германскиот тим во американското списание „ScienceAdvance“ презентираше податоци за зрачењето собрано од Чанг-4, кинеска сонда што слета на крајната страна на Месечината во јануари 2019 година.

Овој пронајдок е прво целосно мерење на изложеноста на зрачење на Месечината. Податоците се од витално значење за НАСА, но и за сите други субјекти кои планираат да испраќаат астронаути на Месечината.

Ова е огромно достигнување бидејќи имаме сет на податоци што можеме да ги искористиме за да ги измериме основните нивоа на зрачење и подобро да го разбереме потенцијалниот ризик за луѓето на Месечината, рече Томас Бергер, физичар од медицинскиот институт на Германската вселенска агенција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.