Во Кина во просек секој ден во текот на февруари се откажувале околу 10 илјади домашни летови  заради епидемијата од коронавирусот. За да ја поттикнат домашната побарувачка, кинеските авио-компании нудат екстремно ниски цени на авионските билети.

Како што пренесува порталот SeeBiz, за дестинации оддалечени и по 1 500 километри може да се најде карта по цена од 20 американски долари, додека на помали релации  има билети и по цена од 4 долари.

Тоа, според порталот, е цена што е пониска дури и од вообичаеното кафе во „Старбакс“, најпопуларниот синџир на кафе во Кина кое чини 4 и пол долари.

Во текот на февруари се откажани дури две третини од планираните летови, а кинеските аналитичари напоменуваат дека авио-компаниите  бараат да се стабилизира домашната побарувачка и да ја вратат довербата на патниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.